Во Прилеп се одржа првиот олдтајмер Авто-Слалом
Се одржа првиот олдтајмер Авто-Слалом во Прилеп, организиран од олдтајмер клубот Автомото Класика – ПРИЛЕП, со поддршка на Општина Прилеп и FIVA Македонија. Прекрасен настан за љубителите на автомобилизмот во нашиот град, одлично прилагодена стаза во населбата Точила, која беше наменета за прецизно и безбедно возење со олдтајмери од ревијален карактер. Честитки за целокупната организација…









