НАШИТЕ ПРИЛЕПСКИ, ВЕСЕЛИ ЅВОНЧИЊА: Денеска во Охрид, домашните и странските туристи ќе уживаат во песните од “Веселите Ѕвончиња”
Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД”, по барање на детската публика ширум Македонија, како и минатото лето, тако и ова, започнува со своите концерти на плоштадите во Македонија. Имено денес на 28.07.2023 година во најновото фестивалско издание ќе можат да уживаат најмладите од Охрид, како и туристите кои што денес ќе бидат во македонскиот Ерусалим.
Настапот во Охрид, детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” ќе го има на големата бина во охридската чаршија. Ова е втора година по ред каде Веселите Ѕвончиња гостуваат во Охрид. Битно е да се напомене дека минатата година настапот на Веселите Ѕвончиња во Охрид беше проследен со огромен број на публика, како од Охрид, така и од голем број на странски туристи кои уживаа во песните на најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. Така ќе биде и оваа година….Ќе биде весело и распеано, со песните од Веселите Ѕвончиња.
Се гледаме во Охрид!