ПРЕКРАСНА ГЛЕТКА: Комити и комитки на пат кон Крушево
Илинденската коњаница, која вчера по 45-ти пат тргна од Горно Лисиче, на својот пат кон Крушево на автентичен начин ќе ја пренесе пораката за издржливоста и упорноста на борците за слободна, независна и самостојна Македонија. Коњаницата тргна вчера на пат кон Крушево и Мечкин Камен, каде на 2 август ќе се одбележи еден од најголемите државни празници – Илинден.
Илинденското востание го означува почетокот на нова фаза во развојот на македонското ослободително движење и има посебно значење во историјата на македонскиот народ. Овој празник не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава и на сите оние кои со своите дела и подвизи трајно се вградиле во овој чин.