ЖАЛОСНО – А МИСЛЕВМЕ ДЕКА БРАКОТ ИМ Е “КАКО ПЕСНА”: Се разведуваат Анета (Молика) и Џими
Навистина е жалосно што еден ваков успешен пар се разведува! Анета Мицевска после 22 годишна брачна заедница со познатиот музичар Џими Мицевски, се во постапка на развод. Парот, се уште професионално одлично функционира и соработува, за разлика од приватниот живот каде што на нивната долгогодишна врска ставија крај.
Искрено, жалосно е што после над две децении заедничка љубов, Анета и Џими се разведуваат а на естрадата важеа за стабилен пар. Двајцата од нивниот брак ја имаат нивната ќерќа Моника, која студира и живее во Германија.
Колку за потсетување, Анета му е втора сопруга на Џими, додека тој пак од претходниот брак има син кој што исто така е дел од музичките води.