ДЕНЕШНИОТ НЕДЕЛЕН ДЕН ВО ЗНАКОТ НА МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈА: На Галичник се одбележуваат традиционалните свадбени обичаи
Денешниот ден (16 јули) во Галичник на Галичка свдаба, ќе го одбележат традиционалните свадбени обичаи, а венчавањето на младенците ќе се изврши во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Галичник. Овогодинешниот зет е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, додека пак невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид.
“Со радост ја објавуваме програмата за годинешното јубилејно издание на Галичката свадба. Повелете, придружете ни се во славењето на љубовта! Благодарност до нашите партнери чија помош и поддршка овозможува живот на ова живо културно наследство. Ве очекуваме” истакнаа од месната заедница Галичник.