ГАЛИЧКА СВАДБА: Денеска, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот, продолжува македонската традиција
Започна јубилејното 60-то издание на Галичка свадба. Инаку, традиционално, почетокот на годинашната „Галичка свадба“ ќе биде означен денеска- сабота, 15 јули, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот.
Потоа ќе бидат изведени познатите свадбарски ритуали – „пречек на тапаните“ и „свекрвино оро“ – а ќе биде одиграно и „Тешкото“ – оро кое го симболизира испраќањето и пречекот на печалбарите, што била честа појава во овие краеви.
