КАКО ВЕЛАТ: Не си бил во Прилеп, ако не си пробал прилепски ширден
Ширденот е надалеку познат прилепски специјалитет кој што се прави со јагнешко, телешко и свинско месо. Ширденот е македонско традиционално јадење, кој што всушност е симбол на кулинарството во Прилеп, а поимот “ширден” доаѓа од истоимениот турски збор şirden.
Во прилепските ресторани, ширденот се подготвува на специјален начин, при што трите видови на месо се сечат на ситни коцки, а потоа се запржуваат со зачини и кромид. Потоа, наполнетите ширдени се редат во земјена тава, при што истите се печат додека не поруменат. Овој прилепски специјалитет, се сервира исклучиво топло и “тазе”, a дека станува збор за извонреден кулинарски специјалитет, говорат и гостите кои во Прилеп доаѓаат од сите краеви за да го пробаат одличниот прилепски ширден.
Кој пробал – знае!