| | |

Балканскиот славеј Ајдин Османовиќ го посети гробот на Тоше Проески во Крушево

Сподели го ова:


























Сигурно се сеќавате на 12-годишното момче од Босна и Херцеговина – Ајдин Османовиќ кое ја отпеа нашата стара македонска песна “ЈАНО МОРИ” под менторство на проф. Јасмин Брашњиќ кој постојано го прати ова момче свиреќи на пијанo.

Имено, вчера токму овој млад балкански славеј од Босна и Херцеговина, во текот на вчерашниот ден пристигна во Крушево со својот ментор, при што двајцата се упатија кон вечното почивалиште на Тоше Проески на Гумење, каде се помолија во знакот на нивната традиција.

Инаку денеска Османовиќ во Штип, заедно со други деца, преку музика ќе направат еден целосен спој на македонската и босанската култура и традиција.

Вечерва во 20 часот во Домот на културата во Штип, ќе настапат Лина Костадинова која има 10 години, Драган Костадинов кој има 14 години и бисерното грло- Ајдин Османовиќ.

На настапот во Штип се очекува оваа талентирана тројка преку песна и вокални изведби, да направи еден целосен спој на македонската и босанската култура и традиција.




Сподели го ова:

Слични објави