Денес ќе се одиграат неколку натпревари во пинг-понг-“Бизнис лигата -Прилепска пиварница”

Сподели го ова:
















Денес ќе се одиграат неколку интересни натпревари во пинг-понг-“Бизнис лигата -Прилепска пиварница”. Имено, денес од 17 часот ќе се сретнат екипите на “Синд.на Мепсо” и “Синд.на Театар” во натпревар од 8-коло кое е на програмата во сабота. Натпреварот ќе биде одигран порано по барање на екипата на “Мепсо”. Исто така, денес ќе се одигра уште еден натпревар од 8-то коло помеѓу “ВиК” и “Витаминка”.

Во заостанат натпревар од 7 коло “ВиК” ќе ги одмери силите со екипата на “Комфи Ангел”. Се очекуваат неизвесни и крајно возбудливи натпревари, во кои секоја од екипите ќе посакува победа за искачување на повисоко место на табелата. Бизнис лигата засега ги надмина очекувањата и прераснува во вистинска спортска приказна, благодарение на ППК “Младост 96” и раководството на клубот.







Сподели го ова:

Слични објави