Викендов во Тирана се одржа првото Балканско Првенство за ветерани-ки
Викендов на 19/20 Ноември 2022 година во Тирана се одржа се одржа првото Балканско Првенство за ветерани-ки. Првенството се одржа во салата”Аслан Русе” во Тирана Албанија во организација на Албанската Џудо Федерација. Учество на ова првенство зедоа домаќинот Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција,Романија, Бугарија и Македонија со околу 100- натпреварувачи.
Селекцијата на Република Македонија ја претставуваа следните натпреварувачи:
1.Киро Здравески кој воедно беше и Селектор и натореварувач во старосна категорија М9 до -66кгр.и го освои 2 место.
2. Маке Спиркоски М9 до-81 кг. 1 место и во старосна Опен категорија до -81кгр. Го освои 2 то место.
3. Марјан Димески М7до -100 кгр.2 место.
4. Мартин Ристески М5 до+100кгр. 1 место и во Апсолутна категорија до +100 1место.
5. Сашо Димовски М5до -73 3место
6. Ѓорѓи Хубрев М5 до -100 кгр 3 место
Наш претставник во судиската организација беше интернационалниот судија Томе Јосифоски.
Селекторот Киро Здравески е задоволен од настапот на сите и од освоените резултати и на негово задоволсто како иницијатор на ветеранското Џудо во Македонија и Балканот се оствари и ова натпреварување кое и донесе голем успех на нашата држава.