|

Одличниот план на капитенот Велески, направи РК Прилеп да биде во “најдобрите три” на турнирoт Миле Нешкоски

Сподели го ова:
























Во одлична спортска атмосфера и препознатлив спортски дух, во Прилеп заврши oсмиот меморијален меѓународен ракометен турнир „Миле Нешковски“. На овој турнир, првото место го освои РК Дубочица од Лесковац, а РК Прилеп благодарение на одличниот план на капитенот Велески, направи прилепскиот ракометен тим да освои бронза на овој натпревар, и да биде во групата на “најдобрите три” на турнирoт Миле Нешкоски.

Прилепските ракометари до бронзата стигнаа благодарение на одлично замислената спортска тактика на прилепскиот капитен Филип Велески, па како резултат на тоа, прилепчани остварија триумф над втората екипа на “Еурофарм Пелистер” со конечни 29:24.

Сето ова е само доказ и официјална потврда дека капитенот Велески успешно го превзеде кормилото на спортскиот брод, кој плови заедно со прилепските ракометари кон нови предизвици и нови спортски победи!




Сподели го ова:

Слични објави