Градоначалникот Јовчески повикува: “Знамињата и шаловите во раце, да ги поддржиме нашите херои и да навиваме за Македонија!”

Градоначалникот Јовчески повикува: “Знамињата и шаловите во раце, да ги поддржиме нашите херои и да навиваме за Македонија! Плоштад ,,Александрија’’ – Камена Бина-29.3.2022 во 20:30 часот”. Имено, утре ќе се одигра клучниот меч на македонската фудбалска репрезентација против Португалија. Колку за потсетување, Македонија оствари историска победа против Италија, актуелниот првак на Европа, во третото меѓусебно соочување откако славеше со 1:0 во Палермо во полуфиналето од баражот за пласман во Катар. Италија доминираше, но не ги искористи своите шанси, а тоа го казни Александар Трајковски во 92 минута. Во финалето од баражот за СП, Македонија ќе игра со Португалија во Порто во вторник, откако португалците славеја против Турција со 3:1.