Финалето е пред прилeпскиот клуб “Младост 96”, а со тоа и желбата за враќање на титулата во Прилеп
Во полуфиналето на плеј офф-от натпреварувањето во Супер лигата во пинг-понг, екипата на “Младост 96” од Прилеп, во Берово ја победи истоимената екипа на “Берово” со резултат 4-1, и со вкупен резултат од 2-0 се пласира во финалето на плеј офф-от.
Одличната игра во полуфиналето имаше од страна на играчи. Две победи извојува Стомнароски и Борчиќ. Исто така играше и Петар Костовски, кој во одлична игра загуби од играчот на Берово Чолаковиќ со 3-1. На овој напревар, Андреј Лашкоски беше резерва.
На натпреварот тренерот Гоце Тошески успешно го предводеше тимот до убедливата победа.
Првиот чекор во плеј офф-от успешно е совладан. Финалето е пред припелскиот клуб “Младост 96”, а со тоа и желбата за враќање на титулата во Прилеп.