Општина Могила и регионот изминатите денови пулсираа во ритамот на “Еден на Еден – Могила купот”


Викендов, за првпат во општина Могила се организираше меѓународниот фудбалски куп “Еден на Еден-Могила куп”, каде вкупно 72 екипи продефилираа на овој турнир, а дури 1200 деца се натпреваруваа на фудбалските терени во неколку возрасни категории. Изминатите три дена се одиграа 156 натпревари, а општина Могила и регионот, пулсираа во ритамот на “Еден на Еден Могила куп”.
Од она што можевме да го забележиме на терен минатите три дена, тоа е фактот дека градоначалникот на општина Могила Драгачнчо Саботковски, се покажа како одличен домаќин на сите 72 екипи, а воедно и како иноватор на нови настани и случувања кои имаат за цел афирмација и заживување на општина Могила. Како што истакна градоначалникот Саботковски, како градоначалник ќе се потруди овој меѓународниот фудбалски куп да прерасне во традиција, а воедно да прерасне и како еден од позначајните брендови на општина Могила. Фудбалскиот куп заврши доста успешно, а ние за на крај на оваа објава, Ве поздравуваме со нај-фотката која беше направена на меѓународниот фудбалски куп “Еден на Еден-Могила куп”