Црногорецот Лука Бакиќ е новото засилување на пингпонгарскиот тим “Младост 96”-Прилеп во пресрет на дебитанскиот настап во Трофејот на Европа

Сподели го ова:
























Како и во секој спорт каде што во квалитетните спортски екипи настануваат голем број на трансфери, така-точно баш такви трансфери се случуваат и во квалитетните македонски спортски клубови, кои на спортската сцена од страна на спортската публика и спортските обожаватели се препознаени како успешни спортски брендови. А кога зборуваме за спортски бренд кој што постојано бележи успеси во пинг-понгот, тогаш тука секогаш станува збор за Шампионот “Младост 96” од Прилеп, пингпонгарски тим кој што доби уште едно ново засилување во пресрет на дебитанскиот настап во Трофејот на Европа-натпреварување кое што е во рамките на Европската пингпонгарска унија. Ова големо спортско засилување на прилепскиот пингпонгарски тим е црногорецот Лука Бакиќ, кој што во неговата досегашна спортска историја е дефиниран како мошне квалитетен играч и репрезентативец.

Нема опис за фотографијата.

Со помош на Бакиќ прилепскиот пинпонгарски тим ќе стане уште посилен за да биде кандидат за првото место во “Г групата”, каде уште ќе настапат романскиот “Одорхеи” и српскиот”Темерин”. Натпреварите од Трофејот на Европа ќе се одржат на 28 и 29 мај оваа година во Одорхеи. Во прилепскиот пингпонгарски тим, покрај Бакиќ, уште се пријавени и Србинот Стефан Костадиновиќ, а покрај него, боите на овој клуб ќе ги претставуваат и следните домашните играчи: Александар Рикалоски, Петар Костовски, Андреј Лашкоски, Антонио Стомнароски и Раиф Рустемовски-предводени од тренерот Тошески Гоце.




Сподели го ова:

Слични објави