| |

БРАВО МАРКО: Пејчиновски се спрема за “освојување на езерото” и 64 километарско пливање

Сподели го ова:





























Македонскиот херој Марко Пејчиновски од Охрид, на крајот од минатиот месец пливаше на релaција Радожда – Трпејца (Стог) – Градиште, во вкупна должина од 24 километри, а со тоа Марко го заврши своето седмо препливување за ова лето, при што оваа релација ја преплива за само 6 часа, 52 минути 15 секунди. Пејчиновски ова лето си постави еден нов предизвик, а тоа е пред себе да преплива 10 различни делници на Охридското езеро, во севкупна должина од цели 250 километри. 

Она што е ново кај Марко, се неговите подготовки за големото препливување на Охридското Езеро на 28.08.2022 на Голема Богородица, каде што Марко ќе плива на релација Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид, во должина од 64 километри.

ГОСПОДЕ, како и пред три години и денес велам : “Нека биде ВОЛЈАТА твоја!” Спремен за ГОЛЕМИОТ подвиг – за освојување на езерото и 64 км – напиша Марко на социјалните мрежи, од каде што добива голема поддршка од страна на огромен број на граѓани.




Сподели го ова:

Слични објави