ПОГЛЕДНЕТЕ: Вчера, салата во “индустриско” беше претесна за да ги собeре сите љубители на фудбалот
Вчера, успешно заврши уште едно издание на традиционалниот турнир во мал фудбал ,,Свети Никола” 2023!
Упатувам огромна благодарност до сите учесници, до сите помагатели, а особено до сите оние кои што беа вклучени во организацијата на турнирот, кој што мораме да признаеме дека помина беспрекорно. Нашите училишни спортски сали беа претесни за сите љубители на фудбалот и затоа искрено се надеваме дека в година ќе имаме можност да го вратиме турнирот онаму каде што заслужува, во Универзална!🏆 Честитки за годинешниот шампион, екипата на ТЕА АНДРЕА/ХАЈВ КАФЕ! – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.