Одличен пингпонгарски викенд за ППК “Младост 96”

Викендот двете екипи на ППК “Младост 96” (машката и женската екипа) извојуваа по две победи. Во саботата женската екипа во заостанатиот натпревар од шестото коло ја совлада незгодната екипа на “Рисови” од Скопје со резултат 4-1. Гвозденовиќ, Михаилов и Богоеска ги донесоа новите два бодови на “Младост 96”. Денеска истата постава во натпревар од седмото коло на Првата лига, ја совлада екипата на Берово со максимални 4-0. Во екипата недостасуваше Камелија Стојческа. Со овие победи пингпонгарките на “Младост 96” се на чело на табелата со максимални седум победи. Наредната сабота ќе се одлучува шампионот на Македонија со екипата на “Шампиони ФА” од Штип. Било која победа извојувана во Штип, ќе значи шампионска титула за младите играчи на “Младост 96”,на две кола до крајот на првенството.
Машката екипа денес во рамките на 11 и 12 – то коло од Супер лигата извојуваа две убедливи победи против “Работнички”, и против градскиот ривал “Младост” со идентични 4-1.Костадиновиќ, Рикалоски, Стомнароски и Костоски беа играчите кои извојуваа рутинирани победи. За разлика од женската екипа ,машката екипа има тежок и долг пат до одбрана на титулата. Најпрво на програма се уште шест кола во регуларниот дел, до плеј офф натпреварувањето каде “Младост 96” се надева на повторување на минатогодишниот успех. Моментално “Младост 96” е втор на табелата со два порази повеќе од првопласираната “Крива Паланка 2007” кои се први без пораз на табелата. Да напоменеме дека во Европските натпреварувања во месец Мај, “Младост 96” ќе учествува во Трофеј на Европа во “група Г”, каде уште се наоѓаат Одорхеи од Романија и Темерин од Србија. Првото место значи пласман во Гранд финалето.