Актерите од Прилепскиот театар вчера одиграа уште еден натпревар од “пинг-понг бизнис лигата”

Сподели го ова:


























Поголем дел од натпреварите од 13-тото коло од “пинг-понг бизнис лигата” се одложени за овој викенд, а тоа е пред се заради обврски на многу екипи, при што истите треба да се одиграат во најбрз можен рок бидејќи бизнис лигата е во завршна фаза т.е. следат последните 3 кола, и треба да се одредат најдобрите 4 екипи кои ќе играат во “ПЛЕЈ ОФ-от”.

Можно е да е слика од ‎6 луѓе, луѓе што стојат, внатре и ‎текст кој вели „‎ROA K.c.i PRODUCTION OF PE&PPr PIPES AND ANDFITING ME Kom O ת TIBHAR TIBHAR‎“‎‎

Актерите од Прилепскиот театар одиграа уште еден натпревар од “пинг-понг бизнис лигата-Прилепска пиварница”. Вчера, во пријателска и фер атмосфера, беше одигран натпревар од 15-тото коло од “пинг-понг бизнис лигата”. Станува збор за натпреварот помеѓу “Синдикат на ТЕАТАР” и “Нотар Маркоски” кој што заврши со 1:4. Колку за потсетување, следен натпревар е натпреварот помеѓу “Црна река Петрол” и “Нотар Маркоски” кој треба да се одигра овој вторник со почеток во 20 часот. Колку да напомениме-овој натпревар е заостанат натпревар од 13-тото коло.





Сподели го ова:

Слични објави