|

ПРИЛЕПСКА ГОРДОСТ: Илина Кузманоска оствари најдобар резултат од сите натпреварувачи во нејзината категорија, и затоа од страна на Федерацијата на училишен спорт и беше доделена дополнителна диплома за млад надежен спортист

Сподели го ова:


























Вчера, во посета кај директорката на ООУ Кочо Рацин-Прилеп Јулијана Тренкоска, беа ученичките Илина Кузманоска и Ева Јашмакоска на кои им беа доделени статуетки на државното првенство во спортска гимнастика за основни училишта, каде овие две ученички постигнааа одлични резултати.

Талентираната Илина Кузманоска го освои 1-вото место, а третото место го освои уште една прилепска ученичка а тоа е Ева Јашмакоска. Имено, ментор на овие талентирани ученички беше професорката Мартина Јездиќ.

Според резултатите, Илина е со најдобар резултат од сите натпреварувачи во нејзината категорија, и затоа од страна на Федерацијата на училишен спорт и беше доделена дополнителна диплома за млад надежен спортист.




Сподели го ова:

Слични објави