ЈОВЧЕСКИ: Секогаш ќе се залагам за спортот во Прилеп посебно за нашите брендови како што е ракометниот клуб РК Прилеп
Денес, прилепскиот градоначалник во зелената сала во Општина Прилеп имаше средба со ракометарите, дел од раководството и тренерите на РК Прилеп. Членовите на стручниот штаб на клубот и тренерот Горан Кузманоски, на градоначалникот Јовчески му упатија благодарност за целокупната поддршка и стручната лекарска помош што секогаш несебично ја пружеше кон ракометниот клуб. На средбата, од страна на Јовчески беше потенцирано и дека и сега, како градоначалник на општина Прилеп, секогаш ќе се залага за спортот во Прилеп посебно за нашите брендови како што е ракометниот клуб РК Прилеп, на кој што прилепскиот градоначалник му посака многу успех во претстојниот дел од сезоната и опстанок во ракометната елита во Супер лигата, а потоа и многу успеси како на домашната така и на меѓународната сцена.





