ВО ЧЕСТ НА МИЛЕ НЕШКОСКИ: Oд 29-ти Август до 1-ви Септември ќе се одржи Меѓународниот ракометен турнир во Прилеп посветен на нашата прилепска, ракометна легенда
Од 29-ти Август до 1-ви Септември во Прилеп, ќе се одржи традиционалниот Меѓународен ракометен турнир во чест на Миле Нешкоски. Станува збор за деветтото издание на овој меморијален турнир, каде на ракометните клубови од Охрид и Куманово им припадна честа да го одиграат првиот натпревар на турнирот.
И оваа година, ракометарите на овој меѓународен меморијален ракометен турнир, ќе играат во чест на ликот и делото на ракометната легенда Миле Нешкоски.
Упатуваме покана до сите љубители на ракометот, да присуствуваат и да уживаат во ракометните игри.