ОВА ВРЕДИ ДА ГО ПРОЧИТА СЕКОЈА ЖЕНА! Искрено-реално размислување на Ирена Стерјовска Локвенец
“Едно мое размислување за случај насилство над жена од пред две години..За жал сеуште “мачомените” на секое ниво во опшеството ги гледаме околу нас и затоа не запираме во борбата за своите права колку и да им сметаме на други”-стои во денешната Facebook објава на Заменик градоначалникот на Општина Прилеп-Ирена Стерјовска Локвенец. Имено, нејзиното размислување за насилството врз жените, беше објавено од нејзина страна точно пред две години како официјална Facebook објава, објава која што беше напишана како последица на тогашна немила случка кога две млади момчиња претепаа бремена девојка во Штип. Претходно наведеното размислување од Стерјовска-Локвенец го објавуваме во прилог:
“Од секогаш сум се чувствувала како човек кој е силен противник на секаков вид насилство. Насилството раѓа насилство тоа е дефиниција. Зарем не чувствуваме сите дека треба да водиме лична грижа за сопственото однесување? Дека со нашите постапки можеби рушиме нечие достоинство, нечии фантазии, некоја иднина и желби на родители за здраво и среќно потомство..Е тука многу потфрливме како систем, како родители, им се допушти на младите да го гаат гневот и силата на посилниот како некој фетиш кој им служи потоа за повисоко ниво и позиција во опшеството на еднаквите. Не го разбирам и одобрувам насилството под превезот на младинската бунтовност. Преку мојата работа во партијата која ја поддржувам и застапувам, работев секогаш на будење на свеста и јакнење на капацитетите на жените за самосвесност и при воспитување на децата, за случаевите на булинг меѓу младите, но и како тие да се заштитат при обид на насилство без разлика дали е тоа семејно насилство, сајбер насилство или секој вид на сексистичко насилство врз нив.Токму поради тоа, денес последното видео кое протече преку социјалните медиуми со брзината на светлината каде на најсуров начин се крева рака кон девојка, која можеби е и бремена девојка и тоа од страна на двајца насилници кои можат комотно да го добијаат епитетот неандерталци, повторно го пушта алармот на најсилна јачина за целиот систем и опшество кај нас да го затегне обрачот за ваквите насилници. Се надевам дека вниманието на медиумите ние жените ќе го добиеме и во други сфери од животот, а не само кога се случуваат вакви несреќни ситуации кога медиумите ги користат само за медиумска сензација (иако негативна) со што повторно се виктимизира жртвата. Сакам овие двајца мачомени од Штип заслуженото да си го добијаат и 100 пати повеќе од тоа што тие и го сторија на една сама и кревка девојка. Ако сме заедно и единствени ниту еден “мачомен” повеќе нема да се осуди да крени рака на жена.Крајно време е за, целосно институцијално решавање и поддршка на жртвите од насилство!” Колку за потсетување, Ирена Стерјовска Локвенец е жена која што како резултат на големиот интелектуален капацитет, вложува голем број на напори за зајакнување на родовата еднаквост во Општина Прилеп и подигање на свеста на граѓаните за се поголемо препознавање на моќта и способноста на жената во прилепското општетсво, како и препознавање на најголемите способности на жените. Како што знаат прилепчани, самата таа е исто така современа, но по душа народна жена, жена од народот, и жена која работи во интерес на народот, со посебен акцент на жените во прилепското општетсво. Во нејзината голема и богата биографија исто така Ирена Стерјовска Локвенец дава – а воедно и прави големи, вон-сериски напори каде со помош на својот интелектуален капацитет постојано се бори за правата на прилепската жена.