Еве каде веќе нема да се бараат ковид потврдите за влез во ноќни клубови и одредени поголеми собири

Сподели го ова:
















Велика Британија ќе биде една од првите земји каде веќе нема да се бараат ковид потврдите за влез во ноќни клубови и одредени поголеми собири. “Со оглед на фактот, дека ковидот станува ендемична болест ние треба да ги замениме законските обврски со упатства и препораки”-истакна Џонсон. Имено, завчера Британскиот премиер-Борис Џонсон изјави дека следната недела во Велика Британија ќе бидат укинати повеќето рестриктивни мерки кои што беа воведени за контрола на омикрон сојот на коронавирусот во оваа земја. Исто така во Англија се предвидува во март оваа година, да се укине изолацијата за сите оние луѓе кои што биле позитивни на вирусот. Од крајот на овој месец како што изјави конзервативниот лидер во Парламентот, поточно од 27 Јануари носењето на маски во Англија веќе нема да биде задолжително, ковид потврдите веќе нема да се бараат при влез во ноќни клубови и други одредени поголеми собири, а исто така нема да биде официјално препорачливо да се работи од дома.







Сподели го ова:

Слични објави