СВЕТОТ ВО ШОК: Кристијано Роналдо објави дека едно од неговите близначиња починало!


Кристијано Роналдо објави дека едното дете од близначињата кои ги очекуваа со неговата сопруга Георгина Родригез починало! “Со најдлабока тага ја објавуваме смртта на нашето момче. Тоа е најголемата болка што може да ја почувствува еден родител… Само раѓањето на девојчето, ни дава сила да го преживееме овој момент со малку надеж и среќа. Им благодариме на лекарите и медицинските сестри за сета грижа и поддршка – бараме приватност во моментов. Наше момче, ти си нашиот ангел. Ќе те сакаме засекогаш“, напиша Роналдо на Инстаграм.