Во тек е ЈАВЕН ПОВИК од Општина Прилеп за здруженијата на граѓани, фондации и спортски клубови
Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на критериумите и постапката за доделување на средства од Буџетот на Општина Прилеп, (“Службен гласник на општина Прилеп” бр. 4/2009) и Правилникот за утврдување на критериумите и постапките за доделување на средства од Буџетот на Општина Прилеп за спортски клубови и професионални спортски клубови (“Службен гласник на општина Прилеп” бр. 3/2019), Општина Прилеп објавува
Ј А В Е Н П О В И К бр. 01/2022
За прибирање на барања за распределба на средства од буџетот на Општина Прилеп за 2022 година, наменети за финансирање на програмски активности на Здруженија на граѓани, фондации и спортски клубови во областите од надлежност на општината.
Се повикуваат Здруженијата на граѓани и фондации од областите од надлежност на општината и тоа: спорт и рекреација, култура, социјална заштита и заштита на децата, образование и здравствена заштита и спортските клубови, своите барања за распределба на средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2022 год. да ги достават до Општина Прилеп во предвидениот рок