ВИДЕО-ОВА НЕ СЕ ОЧЕКУВАШЕ: Тепачки за зејтин во супер маркет
Веќе со денови, Турција се соочува со недостиг на масло за јадење-како последица на руската инвазија во Украина од една страна, и зависноста на земјата од турскиот сончоглед. Како резултат на недостатокот на масло, во еден турски супер маркет е снимена тепачка помеѓу неколку потрошувачи кои што се караат за тоа кој побрзо да дојде до зејтин. Турција ја ограничи количината за купување на масло од страна на потрошувачите во турските супер маркети и продавници, при што најмногу можат да се купат само 2 литри масло за јадење – од страна на еден потрошувач. Имено, македонските граѓани од страв поради економската криза и најавите дека ќе расте цената на маслото за јадење, постојано ги празнат рафтовите во продавниците, при што ако уште повеќе се влоши ситуацијата во нашата земја во однос на поголем недостаток на масло, тогаш во таков случај ќе настане уште поголем хаос во однос на досегашниот. Да се надеваме, дека нема тоа да се случи, и дека нема потрошувачите да се тепаат за да дојдат до масло како во турскиот супер маркет. Видеото со тепачката за масло во турскиот супер маркет е објавено на Youtube, и истото Ви ги прикажуваме во прилог на оваа објава.
.