|

Почина Марк Ланеган-пејачот со впечатлив баритон

Сподели го ова:
















“Почина Марк Ланеган-пејачот со впечатлив баритон”-како гром од ведро небо насекаде во музичкиот свет одекна веста дека пејачот, текстописецот и музичарот Марк Ланеган почина во вторникот на своја 57-годишна возраст. Ланеган починал во својот дом во Киларни-Ирска. Марк Ланеган пред извесно време ја преживеа битката со Ковид-19, па како резултат на тоа пејачот беше во кома. Ланеган, ќе остане запаметен во музичката историја по својот длабок и впечатлив баритон, како и еден од најдобрите рок-пејачи кои што ги имаше музичката сцена во последните десетина години.  

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е Mark-Lanegan-1024x576.jpg

“Нашиот сакан пријател Марк Ланеган почина утрово во својот дом во Киларни во Ирска… Саканиот пејач, текстописец, автор и музичар имаше 57 години, а зад него остана сопругата Шели”, е наведено во објавата со молба на семејството во овој тажен момент да биде почитувана нивната приватност.







Сподели го ова:

Слични објави