ХОРОР: Медицинска сестра прогласена за виновна за убиство на 7 бебиња и обид за убиство на уште 6 други
Медицинска сестра од одделот за неонатологија при една британска болница, е прогласена за виновна за убиство на дури седум бебиња, како и за обид за убиство на уште шест други.
Станува збор за 33 годишна жена која што е прогласена за виновна за убиство на 7 бебиња. Оваа медицинска сестра, покрај ова е прогласена за виновна и за обид за убиство на уште 6 други бебиња.
Таа беше обвинета за намерно повредување на новородените бебиња на различни начини, а 33 годишната жена се изјасни дека не е виновна за ниту едно од обвиненијата.