СОЛЗА И СМЕА ЈА “ЗАПАЛИЈА” ОД СМЕА ШТИПСКАТА ПУБЛИКА!!!
“Цел Штип” во средата вечерта уживаше во најновото шоу на “Солза и Смеа”, каде за прв пат во Штип ПРЕМИЕРНО ја изведоа нивната најнова претстава која носи наслов “КОМИЧНО ШОУ”. Станува збор за нивната најнова урнебесна комедија која со сигурност ги насмеа сите штипјани до солзи!!!
Ова најново комично шоу на “Солза и Смеа”, се одржа во НУЦК Ацо Шопов – Штип, а почетокот на овој спектакл започна во 20h. Публиката презадоволна од настапот на Созла и смеа, ги испрати познатите тв ликови со огромни аплаузи, а веднаш потоа како и секаде, така и во Штип, огромна маса на нивни обожаватели позади сцената се сликаа со нивните омилени ликови. Сето ова е доказ дека Созла и Смеа направија екстра комично шоу во Штип.