ЗА САМО ЕДНА НОЌ ВО ПРИЛЕП: Исфрлена јога, и купишта џубре во центарот на Прилеп
Исфрлена јога, и купишта џубре во центарот на Прилеп. Да, токму така, ова беше сликата во центарот на Прилеп вчера вечерта нешто околу 22 часот. На ул,, Прилепски бранители” , на чекор пред општинската зграда на велосипедската патека исфрлена е јога. Овој вид отпад се собира од домовите секој четврток со бесплатната линија. Потребно било само несовесниот граѓанин да се јавел на 048/ 428 992 и како на господин непотребната јога ќе му се земе од домот.
“Во Старата чаршија, но и по булеварските пешачки патеки ќе се сопнете на купишта картони исфрлени од одредени дуќанџии. Иако истите имаат екстра дневна услуга со подигање на отпадот од дуќаните, навика е одредени дуќанџии купишта картон и друг вид на отпад да исфрлаат до кантите за отпадоци наменети за минувачите. Истите се ослободуваат од отпадот пред затворање на дуќанот, кога знаат дека интервентната смена од комуналните работници работи до 19 часот. Сликата е секојдневна до 05:00 часот наутро, кога доаѓа утринската смена комунални работници и кои наместо да се грижат за хигиената на улиците, тротоарите и плоштадите, тие се грижат да се ослободат од создадениот отпад од одредени бизнисмени.
Никаде во светот контејнерите не им се во близина на сите, но секој се гржи за создадениит отпад да го исфрли во местото за таа намена, за културата на живеење, и за убавината на градот.Ние?! Ние сме само критичари на се, секого и сешто” – се истакнува во објавата на ЈКП Комуналец-Прилеп.