На сопствениците на прилепските пекари им беа врачени благодарници од прилепскиот градоначалник

Сподели го ова:
























Денеска, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески во неговиот кабинет им врачи благодарници на сопствениците на прилепските пекари, општествено одговорните компании и Јавните претпријатија за нивната несебичната поддршка во однос на реализација на настанот „На Василица во Прилеп“ – 2023.

“На мое лично задоволство денес имав прилика во името на Општина Прилеп и сите наши сограѓани, да им се заблагодарам за несебичната поддршка на општествено одговорните компании и Јавни претпријатија со чиј придонес го реализиравме настанот „На Василица во Прилеп“ – 2023. Пекарите: ,,Маја”, ,,Џулијано”, ,,Филип”, Фурна ,,Алекс”, Гостилница ,,Фешта”, ,,Винарија Чифлик-Битола” и ЈКП ,,Комуналец” заедно со Терминал-Комуналец и сите останати кои што беа вклучени во организацијата. Сигурен сум дека взаемната соработка со бизнис секторот и прилепскиот еснаф само ќе се проширува и продлабочува во новата година. Само заедно сплотени ќе придонесиме за поголем просперитет на нашиот Прилеп и за нашите сограѓани” – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави