ОВОЈ ЧЕТВРТОК ВО ПРИЛЕПСКИТЕ ХРАМОВИ – МОЛИТВА ЗА УСПЕШЕН ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА ГОДИНА
Православните христијански храмови од Прилеп преку соопштение ги повикуваат учениците и нивните родители, овој четврток 31.08.2023 од 7.00 до 8.00 часот, да присуствуваат на големиот молебен канон наменет за благослов на новата училишна година. Во храмот Св. Кирил и Методиј (Параклис) молебениот канон ќе се отслужи од 07:00 до 08 часот.
Нашиот Спасител Христос рече: Оставете ги децата да доаѓаат при Мене. Нека Господ им го отвори умот за наука и воспитанание, зашто тие се иднината на нашите семејства, нашиот народ македонски и на целиот свет – стои во поканата од храмот Св. Благовештение.