ПО БАРАЊЕ НА КАВАДАРЧАНИ! Овој петок ќе има уште една претстава со ТРИТЕ МУЗИЧКИ ПРАСИЊА!

Конечно и во Кавадарци да се случи вистински голем детски спектакл, на голема сцена! Станува збор за театарската претстава за деца “Трите музички прасиња”, која што по неколку пати ги полни салите низ цела Македонија!!! Во саботата, оваа атрактивна театарска претстава го преполни Домот за култура во Кавадарци. Билетите за оваа претстава се потрошија за само еден ден, а голем број на кавадарчани кои не успеаа да влезат и да си обезбедат билет, побараа да има уште една театарска претстава. Театарската продукција денеска, ОФИЦИЈАЛНО соопшти дека ОВОЈ ПЕТОК на 03.11.2023 година со почетокод 19h ќе се одржи уште една претстава со ТРИТЕ МУЗИЧКИ ПРАСИЊА во Домот за култура во Кавадарци.
Овој детски музички спектакл, како во саботата, така и овој петок на 03.11.2023 година во Кавадарци ќе биде изведен на големата сцена со професионални маски и одлична изведба на волкот и трите музички прасиња, кои претставата ќе ја збогатат со голем број на новокомпонирани детски песни специјално направени за оваа претстава, па врз основа на тоа слободно може да се каже дека оваа претстава е и мјузикл каде што во еден глас се радувааат сите дечиња.
После одиграните претстави во Скопје, Куманово, Прилеп и Битола (и тоа по неколку пати во еден град по барање на публиката), овој пат, честа по втор пат ќе ја имаат кавадарчињата со нивните родители, кои наредната недела ќе го проследат мјузиклот со волкот и трите прасиња, и вистински ќе уживаат во оваа детска музичка претстава со професионални маски.
Резервации и информации за датумот на претствата преку повик 24/7 на телефон: 078/424-639
Бројот на карти е ограничен! Билет 150 ден.