Секоја чест! Во OOУ “Климент Охридски” од денес е во функција училишната ЕКО ПАТРОЛА
ООУ Климент Охридски – Прилеп постои веќе 60 години, и се грижи за континуирано одржување на квалитетен образовен систем, а воедно постојано спроведува и нови креативни проекти. Она што е ново во ова училиште, е тоа што си доби “училишна ЕКО ПАТРОЛА”.
“Нашето училиште не е само образовен центар, туку и вистинска оаза на инспирација, каде што секој чекор е посветен на зачувување на околината и промоција на зелени вредности. Еко Патрола Климент” – се вели во објавата на ООУ Климент Охридски – Прилеп.
Како и да е, повеќе од очигледно е дека училишната ЕКО ПАТРОЛА будно ќе ја следи еколошката состојба во ООУ „Климент Охридски“, се со цел учениците да уживаат во чистите и уредени “природни катчиња” во ова училиште, каде самите тие го поминуваат времето за време на одморите помеѓу часовите.