Секоја чест! “Прилепските Рисови” со вредна донација за прилепската болница
Мото Клуб “Рисови” донираа “капа за ЕЕГ за деца до 2 години” за Детското одделение при ЈЗУ Општа Болница – Прилеп. Веста ја потврдија и од нивниот мото – клуб, каде што “прилепските Рисови” истакнуваат:
Срдечна благодарност до сите поддржувачи на Мото Клуб Рисови! Вашата поддршка не само што ни овозможува да се забавуваме и дружиме, туку и да реализираме важни хуманитарни акции. Со ваша помош, успеавме да донираме “Капа за ЕЕГ за деца до 2 години” на ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност во Прилеп, за Детското одделение. Вашата поддршка значи многу за нас и за оние на кои им е потребна помош. Заедно продолжуваме да правиме позитивни промени! – се вели во објавата на прилепскиот мото клуб “Рисови”.