За Крстовден, верниот прилепски народ во најстарата црква во градот!

Сподели го ова:


























Денеска во црквата св. Благовештение во Прилеп по повод денешниот празник Крствовден, имаше Света Божествена литургија во нашиот храм, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, нашиот архиереј господин Петар, во сослужение на свештенството од храмот. На светата литургија,нашиот митрополит ги произведе во чин протоереј ставрофор(крстоносец) и ги одликува со носење на граден крст, архиерејскиот намесник на Прилепското архиерејско намесништво Влатко Ристески и старешината на храмот Свето Благовештение Илчо Смилески, по одлука на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ – ОА, а по барање на нашиот надлежен митрополит, за одредени достигнувања во добробитот на нашата света црква. На многаја лета владико!

Нека ни е за многу години празникот и вечно да стоиме под спасоносниот крст на нашиот Спасител, Господ Исус Христос.




Сподели го ова:

Слични објави