МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Македонските одбојкари преку победа го отворија европското првенство во Скопје
Македонската одбојкарска репрезентација вчера вечерта, со победа стартуваше на европското првенство. Колку за потсетување, македонските одбојкари вчера во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ја победија данската репрезентација со 3-1 во првото коло од групата Ц.
Предизвик за македонската репрезентација ќе биде репрезентацијата на Црна Гора во сабота, а веќе следниот ден е дуелот против Полска.
Во завршните два дуели од групата Ц, македонската репрезентација ќе игра против Холандија и репрезентацијата на Чешка.