За убаво да се користи! Индустриското училиште во Прилеп доби вредна донација од “Логинг Електроникс”
Индустриското училиште во Прилеп доби значајна донација од Логинг Електроникс, која се состои од контролери, сензори и возила, кои ќе бидат од голема корист за учениците во ова средно училиште.
Со радост информираме дека добивме донација од Логинг Електроникс за лабораторијата за електроника и роботика која е од посебно значење за профилот електротехничар за електроника и телекомуникации. Донацијата содржи: контролери, сензори и возила, кои ќе бидат од голема корист за нашите ученици да можат да креираат реални проекти поврзани со процесот на управување и автоматизација.Среќни сме што со Вашата донација придонесовте нашите ученици да добијат можност да учат, да развиваат компетенции неопходни за успешно имплементирање на концептот на автономни возила. Ви благодариме од срце што несебично ја поддржавте нашата цел за осовременување и модернизација на условите во нашето училиште – се вели во објавата на училиштето.