Борче Јовчески-човекот кој што преку својата искреност и добрина ги обедини сите прилепчани во едно!!!

Сподели го ова:




Ова до сега се нема случено во Прилеп-еден човек да ги обедини сите прилепчани како едно, онака искрено од душа-односно онака како што срцето говори. Иако сеуште д-р Борче Јовчески ја нема превземно градоначалничката функција, река на народ стои позади него, која му ја дава својата искрена поддршка за проектите кои што тој ќе ги направи и ќе ги реализира-онака како што вети. Меѓутоа познавајќи го каков доктор и човек е, сигурна сум дека освен тоа што тој ќе ги реалзиира сите негови ветени проекти-Борче Јовчески ќе реализира и многу повеќе од ветеното-за своите сограѓани, и за својот град кој искрено го сака и почитува. Мошне е интересен фактот дека и оние кои не го познаваа, а имаа можност и деновиве да се запознаат со него, за него викаат дека Борче ќе е долгогодишен – вистински градоначалник на градот, градоначалник како што навистина му доликува на Прилеп, на нашиот Прилеп, градот во кој што заеднички живееме и заеднички ги создаваме спомените, а допрва сигурна сум дека следи едно ново време, време каде што ќе се создадат спомени за едно многу поубаво време, време каде што зборот “РЕКЕТ” ќе претставува само спортски реквизит за тенис и ништо друго-онака како што потенцираше Борче Јовчески на митингот во Прилеп.






Сподели го ова:

Слични објави