Државните службени возила нема да се користат за приватни потреби! Од септември, државните возила ќе добијат таблички во боја
МВР има распишано тендерска постапка за набавка на црвена и жолта боја со која ќе бидат обележани службените возила, а јавното отворање ќе биде на 25 јуни. Со ова, државните службени возила нема повеќе да се користат и за приватни потреби, бидејќи од септември државните возила ќе добијат таблички во боја – таблички кои ќе бидат целосно поразлични од останатите регистарски таблички.

На 25 јуни, ќе биде јавното отворање на тоа – се надевам дека ќе имаме фирма која ќе ни ги достави побаруваните бои и ќе добиеме најниска цена и веднаш после завршената постапка ќе донесеме заклучок на Влада односно задолжение за сите државни институции, тука спаѓаат ЈП, општините, државните институции, министерствата, Владата во рок од триесет денови да ги променат таблиците – истакна Томовски.


















