РОКЕНРОЛ НА КАМЕНАТА БИНА: Овој четврток прилепчани ќе ги забавуваат “The Doctors”
Овој четврток, 10 Август 2023 година на Камената бина во Прилеп со почеток од 21 часот, прилепскиот музички бенд “The Doctors” ќе ги забавува прилепчани преку Tribute to Red Hot Chilli Pappers… “Under The Bridge”..“Scar Tissue”… “By the Way”..“Californication”… “Give It Away”… “Otherside”… “Can’t Stop”….etc
The Doctors е прилепски рок бенд формиран на крајот од 2022 година. Овој бенд сега е составен од 5 члена, меѓу кои Никола Николоски како фронтмен и вокал, Ѓорѓи Петкоски како бекинг вокал и бас гитара, Вилијам Спиркоски на тапани, Мате Десоски како ритам гитара и Марко Стојаноски како лид гитара.
Овој бенд изведува англиски и ex-yu рок, како и наши македонски песни и аранжмани, оддавајќи им почит на великаните кои ја насочиле душата на рокот да ечи низ времето, а за брзо ќе го донесат тој звук и на нашата прилепска сцена.
Во рамките на овој културолошки проект, The Doctors овој четврток свират трибјут на извонредните Red Hot Chili Peppers.
Ваше е да дојдете и да уживате!