“Нептун” со вредна донација за детското одделение при Општата прилепска болница

Сподели го ова:


























Детското одделение при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп, доби вредна донација од Нептун – Македонија. Станува збор за фриждери, печатачи и електричен панел за греење, при што истите, се ставени во функција.

Уште една донација на детското одделение, се работи за фриждери, печатачи и електричен панел за греење кои им беа од голема потреба на одделението каде се згрижуваат најмладите пациенти. НЕПТУН МАКЕДОНИЈА како општествено одговорна компанија со оваа донација хуманоста ја докажува на дело!Како институција им се заблагодаруваме за тоа што помагаат во донесувањето на позитивни промени во здравството! – истакнуваат од прилепската болница.




Сподели го ова:

Слични објави