Премиерот Мицкоски соопшти убава вест диреткно од Тутунски Комбинат во Прилеп

Денеска премиерот Христијан Мицксоки го посети Тутунски комбинат АД Прилеп, местото од каде што се извезува на 9 пазари. Премиерот се сретна со директорот на Тутунскиот Комбинат, прилепските пратеници како и прилепскиот градоначалник.
“Се заблагодарувам на пратениците од Прилеп коишто доаѓаат во македонското Собрание, коишто се борат секогаш и приоритет им се тутунопроизводителите од овој регион, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на министерот Цветан Трипуновски којшто исто така врвен приоритет му се тутунопроизводителите, како и впрочем сите земјоделци”- истакна Мицкоски.
Премиерот Мицкоски соопшти убава вест диреткно од Тутунски Комбинат во Прилеп, при што нагласи дека очекува во годините што следат да се посвети повеќе внимание на развојот, на нови инвестиции, како и на зголемување на производството.
“Очекувам овој период на консолидирање на тутунскиот комбинат Прилеп да е веќе позади нас. Состојбата од тоа што можев да видам е консолидирана и очекувам во годините коишто следат повеќе внимание да посветиме на развојот, на нови инвестиции, на зголемување на производството, зошто овие 9 пазари да не бидат 18 пазари за некоја година од денеска” – истакна премиерот Мицкоски.
Тоа е она на коешто сите ние треба заедно да работиме и тоа е она за коешто оваа Влада ќе даде безусловна поддршка и очекувам овие услови да бидат дел од нашата заедничка соработка и во иднина. Многу е направено и многу е постигнато во овие години, состојбата е консолидирана, ајде сега сите заедно да работиме на развојот, тоа е она што е наш приоритет” – порача премиерот Мицкоски.