Денеска ќе имаме вистински есенски ден – утрото студено, а преку денот сончево со температури до 24 степени
Денеска времето во текот на утрото ќе биде студено, а преку ден ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура денеска ќе се движи во интервал од -2 до 7, додека пак максималната температура се очекува да го достигне 24-тиот степен.
Веќе од утре, во западните делови на нашата земја ќе имаме повремен дожд и температури од -2 до 22 степени.