Градоначалникот Проданоски: Успешно го реализиравме првиот приемен ден со граѓаните

Сподели го ова:






























Денеска во просториите на Општина Прилеп, прилепскиот градоначалникот Дејан Проданоски го реализираше првиот приемен ден со своите сограѓани каде што слушна голем број на идеи, проблеми и решенија предложени од прилепчани за подобар Прилеп.

На првиот приемен ден во Општина Прилеп, имав можност лично да разговарам со голем број наши сограѓани. Слушнавме конкретни идеи, предлози и проблеми, притоа си презедовме обврска за нивно навремено и реално решавање. Ова е само почеток на една нова, поотворена и потранспарентна практика во работењето на Општината. Ќе продолжиме со ова темпо, затоа што секој глас, секој предлог и секоја иницијатива од граѓаните се важни за подобар и поубав Прилеп.

Ве охрабрувам сите кои имате потреба или идеја за подобрување на нашата локална заедница, да закажете средба на телефонскиот број 076 22 99 15 и да разговараме отворено и искрено. Заедно градиме подобар Прилеп! – порача Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави