2022 година започна со постојан пад на бројот на новозаболени од Ковид 19

Сподели го ова:
















2022 година започна со постојан пад на бројот на новозаболени од Ковид 19. Според податоците од Институтот за јавно здравје на самиот почеток на оваа година регистрирани се вкупно 435 новозаболени и 534 оздравени, на 2 јануари регистрирани се 246 нови и вкупно 547 оздравени, додека пак на 3 јануари регистрирани се вкупно 242 нови случаеви на Ковид 19 и 247 оздравени. Меѓутоа она што е сосема забележително е фактот дека бројот на новозаболени од Ковид-19 од почетокот на годината во нашава земја е во постојан пад во првите три дена од оваа 2022 година, при што од почетокот на годинава регистрирани се вкупно 923 нови случаи, додека оздравени се вкупно 1.328, додека пак бројот на починатите изнесува 15 лица. Моменталниот број на активни случаеви изнесува 4.817 лица. По градови, најголем број од нозаболените во изминатите три дена се од Скопје – 532 случаеви, потоа Битола со 58 случаеви, и Прилеп со 47 новозаболени од Ковид-19.







Сподели го ова:

Слични објави