ССМ во генерален штрајк на 22 јуни, доколку дотогаш не бидат исполнети нивните барања од страна на Владата

Сподели го ова:


























 ССМ во генерален штрајк на 22 јуни, доколку дотогаш не бидат исполнети барањата платите во јавниот сектор да им се зголемат за 2806 денари. Синдикалниот лидер Дарко Димовски е целсоно разочаран, бидејќи прво добиле ветување дека нивното барање ќе биде земено во предвид со ребалансот на буџетот, меѓутоа ставката била изземена. 

Од Владата пак, се надеваат на продолжување на социјалниот дијалог, меѓутоа од ССМ се со јасен став дека доколку во меѓувреме не добијат одговор на нивното барање од Владата, од 22 јуни вработените во јавниот сектор нема да извршуваат работни задачи, меѓутоа сепак ќе бидат на своето работно место.




Сподели го ова:

Слични објави