Во Стара Црква за Божиќ – Библија за секое дете кое ќе присуствува на Божиќната литургија
БИБЛИЈА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ НА БОЖИЌНАТА ЛИТУРГИЈА ВО ХРАМОТ СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ И СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ -Прилеп. Христос вели: Пуштете ги децата да доаѓаат при Мене, не бранете им! – стои во известувањето на Стара црква.
РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИ ЗА БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ ПРИ ХРАМ СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ
– Бадник – коледе – Петок (06.01.2022) Царски часови со Василиева литургија со почеток во 07.00 часот.
– Рождество Христово – Божик – Сабота (07.01.2022) утринска празнична Богослужба со Света Златоустова литургија со почеток во 07.00 часот. Секое дете, кое ќе ја посети црквата ќе ја добие книгата Библија за млади.
– Собор на Пресвета Богородица – втор ден Божик – Недела (08.01.2022) утринска празнична Богослужба со Света Архиерејска Златоустова литургија со почеток од 07.00 часот. Чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Петар.
– Св. Првомч. и архиѓакон Стефан – Понеделник (09.01.2022) утринска празнична Богослужба со Света Златоустова литургија со почеток во 07.00 часот.
Нека Рождеството Христово, донесе здравје, мир и спокој во сите православни домови во нашиот град Прилеп