Цацко од К-15 објави дека наградната игра на “Авто Контрол” продолжува! Уште еден одличен ретро скутер може да добие секој оној, кој ќе го регистрија својот автомобил во Авто Контрол до 28.02.2025
Секој оној кој што ќе го регистрира својот автомобил во Авто Контрол во периодот од 01.10.2024 до 28.02.2025 може да биде добитник на вториот ретро скутер, како и на многу други вредни награди. Откако Авто Контрол вчера го додели првиот скутер за своите верни клиенти, утрово објави дека доделува уште еден ретро скутер, а правилата се следни:
Право на учество во наградната игра имаат следните клиенти кои:
-Во времетраењето на наградната игра извршиле технички преглед при регистрација на возило во нашата станица за технички преглед;
-Добиле 2 (два) идентични наградни купона кои содржат единствен сериски број внесен во дневникот за евиденција на техничките прегледи при регистрација на возила на шалтерите во нашиот технички преглед;
-Едниот од наградните купони го оставиле во кутијата за собирање на наградни купони, која ќе биде поставена на видно место во нашата влезна просторија со шалтери за клиенти за време на траењето на наградната игра;
– Вториот награден купон го чувале кај себе како доказ за учество во наградната игра. Во случај на извекување, вториот примерок од наградниот купон ќе треба да биде презентиран од страна на добитникот на наградата.
Извлекувањето на добитникот на наградата ќе се изврши во вторник на 01.03.2025 година. Времето на извлекување ќе биде дополнително објавено на нивната FACEBOOK страна: https://www.facebook.com/AvtoKontrolPrilep.